МОЖНИОТ СОСТАВ: Формацијата останува иста, но ќе има 2-3 промени во тимот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во пресрет на вечерашниот натпревар против Бугарија, нема дилеми околу формацијата која веројатно ќе остане иста како на минатиот натпревар, но тимот ќе се менува.

Веројатно ќе има неколку измени и „рокади“, па така се очекува Елмас на овој натпревар да игра во тандем со Барди во „последната линија“ во средниот ред, а Спировски да чека шанса од клупата. Трајковски ќе оди во нападот заедно со Ристовски и Миовски.

Доколку не може Велковски (се пожали на повреда пред дуелот со Грузија и беше заменет) и Милевски се реши да го остави на клупата, тогаш алтернативи се Бејтулаи и Серафимов. Покрај тројката во одбрана, на левата страна се очекува да стартува Алиоски, додека на десната Тодороски, кој ќе го замени Ашковски, стартерот од Тбилиси.

На голот стандарно ќе биде Столе Димитриевски.

Се вчитува...