Познат е стартниот состав со кој Македонија ќе атакува на триумф против Бугарија. Селекторот Благоја Милевски се одлучи на три замени во однос на натпреварот во Тбилиси.
Речиси со иста формација, Македонија ќе оди по трите бода, а измените се во одбраната и во средниот ред. Така на местото на Велковски, ќе игра Бејтулаи, со тоа што последната линија ќе има поместување, за Бејтулаи да оди на десната страна, Зајков во средина и Муслиу лево во таа тројка во одбраната.
Измена има и на десната крилна позиција, каде на местото на Ашковски, ќе игра Тодороски. Во средината на местото на Спировски, како последен играч за врска се враќа Елмас, додека Трајковски оди во офанзивниот дел од средниот ред.
Еве како ќе изгледа стартниот состав на Македонија низ графиката на ЕКИПА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА