Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на домашен терен од Бугарија со 0-1 во натпревар од последното 6. коло во најновото издание на Лигата на нации.
Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ по мечот е задоволен од играта и тоа што конечно по четири години успеаја да победат на гости.
„Одигравме добар натпревар и Бугарија по четири години победи на гости. Не треба да се измислува топла вода во фудбалот. Без атмосфера и желба не може да се нарави ништо во репрезентација. Голема е разликата во клуб и репрезентација и се е до атмосферата и мотивацијата. Никој не веруваше во нас пред овие два меча. Едноставно моравме да направиме рез. Јас бев победник како играч, тоа сакам да бидам и како селектор. Не е лесно да се игра пред овие прекрасни навивачи од 15/20 илјади луѓе овие млади играчи да го издржат притисокот и да стигнат до победа“, изјави Крстајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА