Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето кај македонските репрезентативци по поразот од Бугарија на крајот од годинашното издание на Лигата на нациите.
И Стефан Ашковски нагласува дека Македонија заслужи многу повеќе од двата септемвриски натпревари, но мора со подигнати глави да се продолжи понатаму затоа што националниот тим го очекуваат уште многу предизвици.
„Беше тешко да се игра со фудбалер помалку. Мислам дека незаслужено Тодороски доби црвен картон, но тоа е дел од фудбалот и во денешниот случај пресуди околу натамошниот тек на натпреварот. Но, одиме понатака, оваа Македонија ја очекуваат уште многу предизвици. Жал ни е само што од двата септемвриски натпревари заслуживме многу повеќе од овие резултати“ – истакна по натпреварот Стефан Ашковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА