Македонија заврши на 3. место на табелата во Лигата на Нации, можеше ли да биде поинаку?

Првото место во групата Ц4 во Лигата на Нации, Македонија го загуби после дуелот со Грузија во Тбилиси, а второто место на табелата Македонија го загуби на натпреварот со Бугарија на домашен терен. Потребен беше само бод, но Бугарите со победата си ја обезбедија втората позиција на табелата. Дали втори или трети беше сеедно, но ова е најслабиот пласман на македонската селекција во Лигата на Нации.

Во првото издание завршивме како првопласирани и се пласиравме во сегментот Ц, но таму очигледно не ни оди. Во првото издание во овој сегмент, второто место беше резервирано после поразот од Ерменија на гости во Кипар, а во второто издание завршивме како третопласирани.

Третото место е реалност, или склоп на околности? После Европското првенство, со исклучок на мечот со Италија, Македонија не е истата репрезентација. Ако добро се носевме со Грузија во баражот, не може да се каже во ова издание. Грузијците ни дадоа пет гола, а не им дадовме ниту еден. Еден гол постигнавме против Бугарија на гости, додека шест гола дадовме против Гибралтар.

Еве како изгледа конечната табела во Лигата на Нации:

Се вчитува...