Слободен влез за натпреварите од Суперкупот „Драган Василoв – Цевка“

Новата кошаркарска сезона во мак-баскетот започнува со Суперкупот на Македонија кој го носи називот на прерано починатиот „Драган Василов – Цевка“, а за натпреварите кои ќе бидат одиграни во среда влезот ќе биде слободен, информира кошаркарската федерација.

Истиот ќе се одржи во СРЦ „Кале“ каде силите во женска конкуренција од 17 часот ќе си ги одмерат актуелниот шампион Бадел 1862 и освојувачот на Купот, Баскет КАМ. Мажите својата битка за трофеј ја започнуваат во 19 часот и 30 минути и во овој дуел ќе се сретнат МЗТ Скопје и ТФТ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...