Нови апсења поради ОИ во Токио

Поранешниот член на УО на Олимписките игри во Токио, Харајуки Такахаши денеска е уапсен по третпат поради корупции поврзани со третиот спонзорски договор за ОИ.

Според најновите обвинувања за сомнителните уплати, Такахаши и уште едно официјално лице примиле 104.000 долари од копманијата Даико Адверјтазинг од Осака, соопшти обвинителството на Токио.

Уапсен е уште едно официјално лице од компанијата. Компанијата Даико се извини поради апсењето, поради проблеми со купувачите и акционерите, и се обврза да учествува во истрагата.

Даико е трета компанија поврзана со скандалот околу ОИ, после компанијата Аоки, која правеше облека за Игрите и големата издавачка куќа Кадокава.

Се вчитува...