Марко Пејчиновски на прием кај премиерот Ковачевски (ФОТО)

Македонското чудо од дете, Марко Пејчиновски на големиот празник Голема Богородица ја заврши својата мисија за оваа година со предизвикот кој остана негова неостварена желба. Марко на стартот од летото си псотави цел да исплива 250 километри низ десет испливувања, па откако реализираше досега девет маратони со 186 километри, успеа да ја заврши и последната делница од 64 километри.

Токму поради ваквиот успешен подвиг, денес премиерот Димитар Ковачевски му врачи еднократна стипендија на младиот пливач. Тој срдечно му честиташе и за досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку АМС дека ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата.

На средбата беше разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни и професионално спортување, со цел да го развиваме спортот согласно со светските стандарди.

 

 

 

 

Се вчитува...