Директорот на бугарската репрезентација: Македонија мора да биде казнета!

Бугарија ја совлада Македонија (0-1) на средбата во Лигата на нации, победа со која тие избија пред нас на табелата и го исвоија второто место во групата зад Грузија.

Извршниот директор на Бугарската фудбалска федерација Борислав Попов изјави дека Македонија ќе добие санкција од УЕФА за исвиркување на националната химна на Бугарија.

„На нашиот натпревар свирежите беа многу послаби и делегатот ги запиша. Колегите со кои разговарав, кои беа на натпреварот со Македонија ми кажаа дека делегатот ги запишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра“, рече Попов за БНТ.

Се вчитува...