Фудбалската репрезентација на Данска ќе носи дресови црни дресови од компанијата за спортска опрема „Хумел“ на Светското првенство во Катар, како поддршка за жртвите кои ги загубија своите животи при изградба на стадионите за овој шампионат.
Тоа ќе биде третата гарнитура, за која се истакнува дека е во чест на загинатите работници и за пролеаната крв во име на фудбалот, кој никако не смее да се гледа како профит, туку треба да обединува. Исто така, потемна боја ќе биде и првата гарнитура, а спонзорот нема да биде во прв план и ќе биде целосно покриен со бојата.
Данска на СП 2022 е во групата Д заедно со Тунис, Франција и Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА