Полскиот Кјелце стигна до победа на гостувањето кај дански Алборг од 28-30 во натпревар од 3. коло од Б групата во новото издание на ракометната Лига на шампиони. Првото полувреме изобилуваше со напаѓачка и брза игра на двете страни со многу голови, по кое Полјаците на пауза заминаа со позитива од плус два 15-17.
Вториот дел беше дијаметрално спротивен од првите триесет минути. Гостите ја зацврстија одбраната и на крајот стигнаа до релативно лесна победа од 28-30. Аркадиуш Морито со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бартхолд и Сандел постигнаа по пет.
Во вториот меч од терминот од 20.45 часот, Пари Сен Жермен изненадувачки стигна до убедлив триумф на гостувањето кај германски Магдебург од 22-29. Дури четири ракометари на Французите заврши со по пет гола (Криштопанс, Соле, Шижак и Пранди), кај поразените Вебер постигна седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА