Младинскиот фудбалски шампион на Македонија, Победа загуби на гостувањето во Северна Ирска од Колерејн со 3-2 во првиот натпревар, од двомечот во 1. коло од младинската Лига на шампиони.
Домаќините брзо стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Патон во 5. минута. До крајот на првото полувреме прилепчани успеаја да стигнат до целосен пресврт и да поведат со 1-2 со головите на Филип Тодороски во 42. и 45. минута.
Сепак, на крајот македонскиот шампион не успеа да издржи и запиша пораз. На 2-2 израмни Кемпбел во 52. минута, додека конечните 3-2 ги постави Вотон во 59. минута. Реваншот е закажан за седум дена во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА