Енрике на критиките одговори со табела: Подобри сме од Франција, Англија, Германија, Италија…

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике одговори на критиките упатени кон него и кон неговата селекција. Тој на тие критики одговори со табела со резултатите од Лигата на Нации во 2020, 2022, во ЕВРО 2020 и квалификацискиот циклус за СП 2022.

Тој ги спореди резултатите на Шпанија со оние на Белгија, Франција, Англија, Италија, Холандија, Португалија, Данска, Германија и Хрватска.

Од табелата која ја прикажа, Шпанија излезе подобра од овие сите селекции.

„Само да се разбере ситуацијата“, кусо искоментирал Енрике на својот „Твитер“.

Се вчитува...