Новиот газда на Челси, американскиот милијардер Тод Боели ќе го заследи примерот на газдите на Манчестер Сити и ќе изгради „фудбалска империја“ која ќе служи за пронаоѓање и формирање на врвни играчи, неодамна открија британските медиуми.
А, Американецот веќе започна со реализирање на планот и наскоро се очекува да постигне договор за откупување на еден од најстарите португалски клубови, Портимоненсе. Тој веќе преговара со раководството на провлигашот и се очекува наскоро да постигне договор.
Како потсетување, под крило на Сити групацијата се наоѓаат 11 клуба од пет различни континенти, а португалскиот тим е прв на листата на Боели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

