По лошиот почеток на сезоната на Јунветус медиумите во Италија веќе го отпишаа Масимилијано Алегри од тренерското место, а и започнаа со гласини за негов наследник. Eдна од опциите кои се споменува е поранешниот тренер на „старата дама“, а сегашен лидер на Тотенхем, Антонио Конте за кој се вели дека не е задоволен во Англија.
Сепак италијанскиот стратег има друго размислување на гласините, велејќи дека истите се знак на непочит кон него и кон Алегри.
„Овие гласини се знак на непочит кон мене и кон тренерите кои работат во Јувентус. Само што ја започнавме сезоната. Отсекогаш велев дека сум среќен во Тотенхем и имам одлична соработка со Паратичи. Јас не гледам никаков проблем и не сакам да бидам дел од вакви гласини“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА