Единственото спортско радио во Македонија, Спортското радио 90.3 фм оваа година одбележува редок јубилеј. Една од најдолговечните медиумиски манифестации кај нас, под наслов „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“, оваа година прославува 30 години од првото издание.
Турнирот на кој со години наназад вработените во електронските и печатените медиуми во еден период од годината се собираат на дружба и спортување, оваа година ќе има меѓународен карактер. Токму по повод јубилејот – 30 години – Спортското радио 90.3 фм ќе подготви несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија.
„Турнирот на медиумите“ оваа година ќе донесе фудбалски натпревари меѓу репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија кои ќе бидат преставени од ветераните на секоја од овие репрезентации, „засилени“ со по некоја естрадна ѕвезда од регионот. Деновиве траат завршните подготовки за настанот, а репрезентациите ги комплетираат тимовите со кои ќе допатуваат во Скопје.
Јубилејното 30. издание на „Турнирот на медиумите во мал фудбал“ ќе се одржи на терените на ФФМ во периодот од 7. до 9. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА