Еден од најдобрите светски фудбалери не пие капка алкохол, го нарекуваат „Само вода“

Нутриционистката на Ливерпул, Мона Немер, откривајќи некои тајни за фудбалерите на Ливерпул во својата книга „Вкусот на патот на Ливерпул“, меѓу другото и откри на јавноста дека Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк се нема напиено капка алкохол досега во својот живот.

Иако доаѓа од најлибералната земја во Европа, помалку неверојатно звучи дека Ван Дајк воопшто не конзумира алкохол што доволно зборува за неговиот професионализам.

„Вијналдум ме вика ‘Само вода’ затоа што пијам само вода, и тоа е се што имам од пијалок дома. Не сакам газирани пијалоци и не сакам што моите деца ги пијат, па најчесто пијам само вода“, вели Ван Дајк и дополнува:

„Во кујната сум најлош кувар. Еднаш загубивме натпревар ‘пет на пет’, па казната беше да направам торта. Со помош на пријател на крајо се помина добро, но беше забавно“.

Холанѓанецот во моментов важи за најдобриот стопер на денешницата. Треба да биде и една од главните ѕвезди и на престојното Светско првенство во Катар.

Се вчитува...