Шпански АС со информација за изгледот на Реал Мадрид во следната 2023 година.
Претседателот Флорентино Перез веќе работи на тоа да ги замени Карим Бензема, Тони Крос и Лука Модриќ. Крос сосема извесно ја прекунува кариерата, на Модриќ му завршува договорот и ќе биде кон својата 38 година од животот, а за 34-годишниот Бензема ќе треба достојна замена.
АС најавува дека Реал Мадрид ќе ги доведе Жоао Кансело и Ерлинг Халанд од Манчестер сити, како и Белингама од Борусија Дортмунд. Французинот Мбапе веќе го одби Реал и продолжи со ПСЖ.
Халанд, пак, игра одлично во дресот на Манчестер сити, како и Кансело, кој е важен член на составот на Пеп Гвардиола.
Шпанскиот весни предвидува ваков изглед на тимоа за следната сезона: Куртоа, Кансело, Алаба, Милитао, Карвахал, Белингам, Чуамени, Валверде, Винисиус, Халанд и Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

