„Сан Сиро“ заминува во историјата

Стадионот „Сан Сиро“ ќе биде урнат, а на негово место ќе се изгради нов модерен објект. Двата фудбалски гиганти, Милан и Интер кој го делат овој стадион од 1947 година, ќе го заменат со новиот стадион кој ќе го добие името „Катедрала“.

План е стартот на изградбата да почне во 2024 година, а три години подоцна официјално и да биде отворено новиот објект. Тој ќе биде изграден на истото место, но ќе биде мултифункционален и со самото тоа ќе донесе поголеми приходи за клубовите.

Планот е да донесе вкупно 160 милиони евра годишно, сума која што двата тима ќе ја поделат. „Катедрала“ ќе има капацитет од 65.000 гледачи, што е скоро па ист со тој на „Сан Сиро“.

Се вчитува...