Симоне Инзаги се соочува со нов сериозен проблем во пресрет на дербито со Рома, откако Ромелу Лукаку отпадна од комбинација за настап против „римската волчица“. Интер се наоѓа во сериозна криза и мора да слави на овој дуел, на кој пораз би можел да значи и отказ за Инзаги, но Лукаку нема да биде на располагање да им помогне на „нероаѕурите“.
Тој се повреди пред дваесетина дена и веќе пропушти неколку значајни натпревари, а токму неговото отсуство се потенцираше како главен фактор за резултатската криза на Интер. Лукаку работеше напорно во Милано за време на репрезентативната пауза, но не успеа да победи во трката со времето за да биде „фит“ за дуелот со Рома.
Последните информации говорат дека тој се уште нема одржано ниту еден тренинг со остатокот од тимот и тренира изолирано, но не е блиску до камбек. Лукаку не само што нема да настапи против Рома, туку големи се шансите дека ќе биде „во аут“ и за дуелот од Лигата на Шампионите против Барселона, два меча на кои евентуални порази ќе значат и дефинитивна разделба од Инзаги.
Овие две средби ќе ги пропушти и Марсело Брозовиќ по повредата заработена за време на репрезентативните настапи за Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА