Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер јунајтед, откако го седна на клупа Хери Мегваер драстично се подобрија резултатите на тимот.
Капитенот сега е надвор од првиот тим на „црвените ѓаволи“, а по двата натпревари за Англија во Лигата на нации се најде на удар и кај навивачите на „Гордиот албион“.
Менаџерот на јунајтед верува дека Мегваер има квалитет да се врати во тимот на Јунајтед и да ја подобри формата.
„Јас морам да го тренирам и да го подржам, но јас го подржувам, бидејќи верувам во него. Тој има голем квалитет, тоа можете да го видите и по неговите настапи за Англија. Сигурен сум дека може да ја врати формата, навистина, јас сум убеден во тоа“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

