Со дерби мечот меѓу Арсенал и Тотенхем денеска се отвора 9-то коло од англиската Премиер-лига.
Домаќините во целост доминираа од стартот на овој меч, а Томас Парти со одличен удар од далечина ја затресе мрежата на гостите во 20. минута.
Следни на сцена беа „петлите“, кои како од зимски сон по приманиот гол конечно се разбудија и почнаа да играат фудбал. По само 10 минути игра, Хари Кејн ја анулираше предноста на домаќините за 1-1, резултат со кој се замина на пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

