Наполи и Елмас ја продолжуваат победничката серија во Италија откако и денеска покажаа извонредна игра, овојпат жртва беше екипата на Торино (3-1).
Ангуиса го отовори мечот уште во 6. минута, обезбедувајќи прво водство за тимот од Неапол. Истиот играч го реши Торино за само 12. минути игра, откако за само шест минути беше одново прецизен, сега за 2-0. До крајот на првото полувреме во листата на стрелци за Наполи се запиша и Квича Кварацхелија во 37. минута, додека Санабрија во 44. минута намали на 3-1, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел домаќините рутински одиграа и го заокружија мечот со нови три бода на своето конто. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас доби шанса од клупата дури во 81.минута од натпреварот. По оваа победа Наполи се наоѓа на првото место со освоени 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА