Две крајно сомнителни ситуации за само 25 минути на натпреварот меѓу Брегалница и Работнички во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига во Штип. И двете со очигледни судиски грешки на штета на штипјани.
Најпрво уште во 12. минута се чини имаше прекршок во гостинскиот шеснаесетник над офанзивецот на Брегалница, Марјан Алтипармаковски кој беше во ситуација да упати удар кон голот на Работнички. Но, судијата Грујоски од Кичево не покажа на белата точка…
Затоа, пак, во 25. минута по една мешаница пред голот на Брегалница досуди очигледно непостоечки пенал за Работнички.
По нафрлањето од левата страна, сосема јасно топката го погоди во глава Алтипармаковски а потоа се одби до рамото на Херера. Но, Грујоски сметаше дека има играње со рака па очигледно неоправдано покажа на белата точка. Крсте Велкоски беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за водство на Работнички од 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

