ВМФЛ: Вардар го реши и Пехчево, реми на Пелистер и Воска, Арсими броеше до девет против Борец

Пелистер и Воска одиграа реми 1-1 во дерби натпреварот од 6. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Домаќините поведоа во 7. минута со погодокот на Христијан Драгарски, додека конечните 1-1 ги постави Изаер Емини 92. минута.

Вардар продолжува со победите откако славеше на домашен терен против Локомотива Пехчево со 2-0. Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа Попзлатанов и Мишковски уште во првото полувреме.

Арсими броеше до девет против Борец, нанесувајќи им го на велешани еден од најтешките порази во историјата. Гостивар стигна до минимален триумф против Слога Виница од 0-1, а стрелец на голот беше Муарем.

Белеасица славеше на домашен терен над Беса со 1-0, додека Каменица Саса триумфираше на гостувањето кај Тетекс со 0-2.

ВТОРА ЛИГА 6. КОЛО: 

ПЕЛИСТЕР – ВОСКА 1-1

ВАРДАР – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 2-0 

СЛОГА ВИНИЦА – ГОСТИВАР 0-1

БЕЛАСИЦА – БЕСА 1-0

ТЕТЕКС – КАМЕНИЦА САСА  0-2

АРСИМИ – БОРЕЦ 10-0 

12. ОКТОМВРИ 

КОЖУФ – КАРАОРМАН 

ОХРИД – ДЕТОНИТ 

Се вчитува...