Работнички под водство на Милан Илиевски и Баже Илијоски веднаш дојде до триумф во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 1-3 на гостувањето против Брегалница во Штип во 9. коло од шампионатот. Илиевски успеа да го надмудри својот учител од шампионските денови, Илчо Ѓорѓиоски кој го запиша и третиот пораз сезонава на клупата на Брегалница.
Работнички поведе во 25. минута по една мешаница пред голот на Брегалница по досуден очигледно непостоечки пенал.
По нафрлањето од левата страна, сосема јасно топката го погоди во глава Алтипармаковски а потоа се одби до раката на Херера која очигледно беше во природно поставена позиција. Но, Грујоски сметаше дека има играње со рака па очигледно неоправдано покажа на белата точка. Крсте Велкоски беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за водство на Работнички од 0-1.
Брегалница успеа да израмни во второто полувреме со голот на Милан Ѓокиќ во 63. минута, откако претходно убаво со глава биеше Лвавива. Три минути пред израмнувачкиот гол, Марјан Алтипармаковски не погоди од пенал за домашните.
А, Работнички до 1-2 дојде по одличната акција и прекрасниот гол на Рушевиќ во 76. минута од средбата.
Конечните 1-3 во 89. минута за заокружување на крај за заслужена победа на „романтичарите“ ги постави капитенот Крсте Велкоски со својот втор погодок на мечот.
ПМФЛ – 9. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
Алексовски 85′ – Шабани 62′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-3
Ѓокиќ 63′ – Велкоски 25′(п), 89′, Рушевиќ 76′
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
Квадарци: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

