Навивачите на Арсенал и Џакa повторно заљубени

Гранит Џака и навивачите на Арсенал пред три години влегоа во конфликт кој резултираше со суспензија и играчот и одземање на капитенската лента, но добрите настапи во новата сезона ја вратија љубовта помеѓу Швајцарецот и најверните „топџии“.

Арсенал на крилја на Џака го доби градското дерби против Тотенхем, а од трибините повторно можеше да се слушне скандирање на неговото име. За истото задоволството не го криеше ни самиот играч од средниот ред.

„После седум години во клубот и тоа што се случи пред три години, никогаш не мислев дека ќе говорам за песна која ми ја пеат навивачите. Многу сум горд на тоа. Се додека го носам овој дрес ќе давам се од себе за клубот“, изјави Џака.

Се вчитува...