Македонската кикбокс репрезентација учествува на ВАКО Светското кикбокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Ди Једоло во Италија кое ќе се одржува до 09. октомври.
Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кик Бокс Маи Таи федерацијата, М-р Дејан Митровски – Урко, заедно со генералниот секретар Драган Атанасовски, а во составот на натпреварувачи се: Марија Димовска, Јадранка Темелковска, Силвио Мировски, Нелсон Узеир и Панче Витанов.
„Следи врвно светско кикбокс доживување на кое силите ќе си ги одмерат 1924 натпреварувачи во 2566 пријави од 62 држави од светот. Се надеваме на високи достигнувања и медали, но ќе го чекаме крајниот исход од натпреварите. Репрезентацијата е подготвена и спремна да се бори за медали на татами и ринг. Марија Димовска и Нелсон Узеир ќе настапат на татами во дисцилината кик лајт, а Јадранка Темелкова, Силвио Мировски и Панче Витанов ќе се борат на ринг во дисциплината лоу кик. Конкуренцијата е голема бидејќи ова е најмасовното јуниорско кикбокс првенство досега, но ние ова го доживуваме како поттик и мотив за врвна борба и секако достигнување на светски медали“ – изјави м-р Дејан Митровски – Урко пред почетокот на натпреварите на младите македонски кикбоксери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА