Премиерлигата се врати во етерот, но со неа се вратија и контроверзните одлуки и дискусиите по завршување на натпреварите. Жестоки расправи се водат за средбите помеѓу Арсенал и Тотенхен, Кристал Палас и Челси, Фулам и Њукасл, а Антонио Конте им порача на судиите да се вратат во училиште.
Незадоволен од црвениот картон на Емерсон Ројал, италијанскиот стратег им порача на судиите во Англија дека треба да го следат примерот на Италија, да седнат на иста маса и да дискутираат за одлуките бидејќи квалитетот на фудбалот е висок, а судењето е лошо.
„Во Англија е многу контроверзно. Имате ситуации кога некој треба да добие црвен картон, но намето црвен добива жолт или пак воопшто не добива картон. Некогаш пак кога треба некој да добие жолт, му е досуден црвен картон. Судиите мора да работат на подобрување. Во Италија судиите се заедно од вторник и во следните три дена дискутираат за одлуки, гледаат видеа. Тука судиите тука треба да се вратат во училиште. Имаме високо квалитетен фудбал и лошо судење“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

