Кениецот Киплагат победник на Скопскиот маратон 2022, Дарио Ивановски второпласиран (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат е победник на Скопскиот маратон 2022 година кој денеска се одржа на улиците на главниот град.

Киплагат патеката долга 42 километри ја мина со време од 2:18:19 часа, пет минути пред најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, кој со време од 2:23:07 часа заврши на втората позиција. На третото место заврши уште еден Македонец, Никола Илиевски.

Кетрин Черотич од Кенија славеше во женска конкуренција со време од 2:38:48 часа, а зад второто место го освои нашата Биљана Кираџиева со 3:04:49 часа.

Во полумаратон во женска конкуренција славеше Адријана Поп Арсова со време од 1:16:12 часа, пред Греса Бакрачи од Косово и Македонката Миљана Ристиќ. На машкиот полумаратон триумфираше македонскиот атлетичар Жан Тошев со време од 1:11:56 часа, втор беше Иван Пешовски, а трет Атанас Анчевски.

 

Се вчитува...