„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Серхио Рамос е „амајлијата“ на ПСЖ во Лига 1

Серхио Рамос пристигна во редовите на ПСЖ како клучно засилување, а и покрај тоа што немаше воведна сезона од сништата поради проблеми со повреди, полека се наметнува во тимот. Шпанецот во досегашниот дел од сезоната не пропушти натпревар на „светците“ во француското првенство, а притоа со него ПСЖ не знае за пораз.

Имено, на 21 одигран натпревар во Лига 1, Рамос сеуште нема пораз. Во овој дел ПСЖ славеше на 17 натпревари, а три завршија без победник. Со тоа 36-годишникот го израмни рекордот на Хуан Пабло Сорин како играчот со најмногу настапи без пораз од сезоната 1947/48 до ден денес.

Се вчитува...