Лацио стигна до нови три бода во Серија А откако во 8. коло без многу проблеми славеше против Специја со 4-0, продолжувајќи ја победничката серија на три натпревари во низа.
Лацио имаше шанса да стигне до предност уште во 3. минута од мечот, но Имобиле го промаши целиот гол од белата точка. Сепак домаќините до посакуваната предност стигнаа во 12. минута преку Закањи, а во 24. минута преку одличниот удар на Ромањоли и до 2-0.
Предноста од два гола остана на семафорот до 62. минута кога Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја реализираше контрата на домаќините за 3-0 и заверување на новите три бода со кои Лацио се искачи на втората позиција на табелата. Србинот во судиското продолжение стигна и до својот втор гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА