Фоден и Халанд за едно полувреме го „наполнија“ Манчестер Јунајтед – навивачите заминаа од стадионот

Манчестер Сити има предност од 4-0 на полувремето од дербито на 9. коло од Премиерлигата. „Граѓаните“ се супериорни над „црвените ѓаволи“ и со оглед на прикажаното во првото полувреме на тимот на Ерик тен Хаг му се припушува тежок дебакл, а истиот немаат намера да го проследат гостинските навивачи кои веќе по четвртиот гол го напуштија стадионот.

Фоден во 8. минута го отвори натпреварот, а Халанд со два гола во 34. и 37. минута приреди големо задоволство кај домашните навивачи. Четвртиот гол повторно беше дело на Фоден кој во 44. минута на асистенција на Норвежанецот ја протна топката зад грбот на Давид де Хеа.

Се вчитува...