Четири гола и два црвени картони беше епилогот од средбата помеѓу Еспањол и Валенсија од 7. коло во Ла Лига која заврши без победник со резултат 2-2. А, за домаќините да не стигнат до три бода се погрижи нивниот „чувар на мрежата“ Фернандез кој заспа во 96. минута од мечот.
Имено, откако Габриел Пулистера, Жозелу и Дардер ја тресеа мрежата домаќинте имаа водство од 2-1 до шестата минута во судиското продолжение, а во неа обидот за нафрлување на Комер заврши зад грбот на Фернандез откако голманот катастрофално интервенираше.
Претходно двата тима останаа со играч помалку. Маркос Андре својот црвен картон го заработи во 86. минута, а Брејтвајт во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

