Сити го прегази Јунајтед во манчестерското дерби со 6-3

Манчестер Сити го прегази Манчестер Јунајтед во дербито на 9. коло од Премиерлигата славејќи со 6-3. Дилемите за победник на натпреварот беа решени уште во првото полувреме по кое „граѓаните“ имаа предност од 4-0, а и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ одиграа подобро во вторите 45. минути не можеа ни да се надеваат на победа.

Фоден во 8. минута го отвори натпреварот, а Халанд со два гола во 34. и 37. минута приреди големо задоволство кај домашните навивачи. Четвртиот гол повторно беше дело на Фоден кој во 44. минута на асистенција на Норвежанецот ја протна топката зад грбот на Давид де Хеа.

Антони со гол во 56. минута донесе мала радост кај гостите, но Халанд и Фоден со своите хет-трик погодци во 64. и 73. минута донесоа уште поубедлива предност за својот тим. До крајот на мечот Марсијал успеа да постигне два гола за ублажување на поразот.

Со денешната победа Манчестер Сити ја продолжи битката со Арсенал за првата позиција на табелата, додека со поразот Манчестер Јунајтед падна на 6. место на табелата со 12 освоени бода.а

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...