Манчестер Сити славеше во дербито на 9. коло од Премиерлигата против Манчестер Јунајтед со 6-3 благодарние на хет-трикот на Ерлинг Халанд и Фил Фоден. За норвешкиот репрезентативец тоа е трет последователен хет трик на домашен терен со што испиша историја како прв фудбалер кој успеал да стигне до ваков учинок во престижното натпреварување.
Халанд постигна три гола во победата над Кристал Палас, потоа и три против Нотингем Форест за по малата пауза да ја продолжи фантастичната голгетерска форма и на дуелот против градскиот ривал.
The first player in #PL history to score a hat-trick in three successive home matches 👏
Take a bow, @ErlingHaaland #MCIMUN pic.twitter.com/c8PA4L8u4C
— Premier League (@premierleague) October 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА