Тен Хаг: Бевме непретпознатливи, не му дадов шанса на Роналдо од почит

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден дебакл во сезоната 2022/23 откако во дерби натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити целосно беше надигран и поразен со убедливи 6-3. Победникот беше одлучен уште во првото полувреме кога на семафорот стоеше резултат 4-0, а тренерот Ерик тен Хаг има и дополнителна причина за грижа со оглед на заминувањето на навивачите од стадионот по првите 45. минути.

Холанѓанецот не го криеше незадоволството по натпреварот изјавувајќи дека неговиот тим бил непретпознатлив, а имаше и коментар за Кристијано Роналдо и Ентони Марсијал.

„Нашиот насташ беше неприфатлив. Не очекував вакво нешто, не можев ни да замислам. Во претходните натпревари мојот тим покажа напредок, добра атмосфера и залагање. За жал денеска ништо од тоа не пренесовме на теренот. Кога играте против играчи од врвна класа какви што има Манчестер Сити мораме да дадете максимум. Ние денеска не дадовме“, изјави Тен Хаг кој потоа се осврна и кон Кристијано Роналдо кој натпреварот го проследи од клупата:

„Не сакам да го ставам во игра Роналдо од почит кон него и неговата голема кариера. Со Марсијал е друго. Нему му се потребни минути и видовте како одигра“.

Се вчитува...