Ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра. Меѓутоа, српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус и се вклопи во „сивилото“ на тимот. Наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.
Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека силен интерес за Влаховиќ покажува ПСЖ.
Тренерот Галтие потврди дека „светците“ се во потрага по класичен напаѓач кој ќе може да му отвара повеќе простор на Мбапе, а најголема желба е токму Влаховиќ.
Јасно е дека Јувентус нема да сака да го пушти најдобриот стрелец на средина од сезоната, но ПСЖ спрема богата понуда.
Наводно „светците“ се спремни да платат 100 милиони евра за српскиот репрезентативец, а трансферот би бил реализиран веќе во јануари, или би се почекало за комплетирање во текот на летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА