Марко Џампаоло, тренерот на италијанскиот калчолигаш Сампдорија, доби експресен отказ откако бившиот шампион загуби од дебитантот Монца со убедливи 0-3 на домашен терен.
Сампдорија со поразот падна на самото дно во Серија А, со шест порази и две ремија од осумте меча, па отказот беше неминовен за досегашниот кормилар, кој во јануари годинава седна на клупата на овој клуб.
Вториот мандат на Џанпаоло не траеше ни една година, откако во првиот беше кормилар во три сезони од 2016 до 2019 година, а тој е поранешен тренер на Торино, Милан, Емполи, Бреша, Калјари, Сиена, Катанија, Асколи и Кремонезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА