Милер го избра Роналдо пред Меси, причината е јасна!?

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер доби прашање да бира меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Двајцата фудбалери дефинитивно ја одбележаа фудбалската ера во 21-от век. Фановите сметаат дека зборовите на напаѓачот се нова провокација кон Барселона и потсетување на победата од 8-2 на Баварците во Лигата на шампионите во 2020 година.

„Би го избрал Роналдо, против Меси имам добра статистика, против Роналдо – не толку добра“, со насмевка одговори членот на Баерн Минхен.

Аргентинецот беше дел од екипата која беше понижена од баварскиот гигант. Една година подоцна Меси замина во ПСЖ и ја напушти Барса по две децении кариера на „Камп Ноу“.

Се вчитува...