„Јунајтед го понижува Кристијано – не го пушти да си замине, а сега ја грее клупата за резерви“

Манчестер Јунајтед претрпе убедлив пораз од 6-3 на гостувањето против Манчестер Сити, а во центарот на вниманието на британската јавност е одлуката на Тен Хаг да го остави Кристијано Роналдо на клупата во текот на целиот меч.

Португалецот не го криеше разочарувањето, тренерот откри дека тоа го сторил бидејќи неговиот тим губеше со 4-0 на полувреме, па од почит кон легендата не сакал да го уфрли на веќе решен натпревар, но британските аналитичари жестоко ги критикуваат Тен Хаг и управата на Манчестер Јунајтед за односот кон еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Најгласен во критиките е поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рој Кин, кој веднаш по дербито гласно говореше против раководството на клубот.

„Не може да го имате Роналдо во тимот и цела сезона тој да ви седи на клупата за резерви. Ако веќе имало одлука дека тој не е потребен во овој тим на Јунајтед, зошто не го пуштија да си замине кога тој го бараше тоа. Вака само го чувате и го понижувате, а тоа не е добро за никого, не е добро за Манчестер Јунајтед, ниту за Роналдо, кој во лоша состојба ќе го дочека СП во Катар. Не гледам како работата може да стане подобра, бидејќи кризата меѓу Тен Хаг и клубот од една, и Кристијано од другата страна, се повеќе се продлабочува“, истакна Кин.

Се вчитува...