Обелоденета листата за „Златната топка“: Бензема ќе биде наследникот на Меси

Како и секоја година, така и оваа есен започнаа шпекулациите околу освојувачот на престижната индивидуална награда.

Најголемиот фаворит е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Французинот се наоѓа на врвот на објавената листа на социјалните мрежи, на која може да се види пласманот за 2022 година.

Карим се наоѓа пред Садио Мане од Ливерпул и Винисиус Жуниор, неговиот клупски колега од Реал Мадрид. По нив следуваат Мохамед Салах, Роберт Левандовски, како и Килијан Мбапе.

Официјалната церемонија на која ќе биде откриено кој ќе го наследи Лионел Меси ќе се одржи на 17 октомври во Париз.

Се вчитува...