„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Осасуна е најнезгодниот противник на „кралот“

Реал Мадрид за првпат не стигна до три бода сезонава, откако синоќа на домашен терен ремизираше 1-1 против Осасуна во натпревар од 7. коло во шпанската Ла лига.

„Кралевите“ имаа пенал за победа кој не го реализираше Карим Бензема. Осасуна уште еднаш се покажа како најнезгоден противник на тимот од главниот град на Шпанија. Ова за Реал Мадрид е трето реми против овој клуб од 2020 година што е најмногу во шпанското првенство против еден противник.

 

 

Се вчитува...