Португалец фаворит за клупата на Вулверхемптон, во опција и Гатузо

Раководството на Вулверхемптон посакува одново Португалец да го води тимот, откако Бруно Лауге вчера доби отказ од тимот. Сегашниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е на листата на фаворити од четворицата кандидати, пишува „Сан“.

Проблемот околу Аморим е што англискиот тим мора да плати отштета доколку сака да го ангажира 37-годишниот млад тренер. Се споменува цифра од дури 20 милиони фунти.

Останатите кандидати се тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги кој е пред отказ во таборот на шпанскиот тим, потоа поранешниот тренер на Олимпијакос, Педро Мартинс, а во опција е и Џенаро Гатузо, кој летово стана тренер на Валенсија.

Пред Лауге, тимот беше предводен од друг Португалец – Нуно Еспирито Санто. Во тимот има 10 португалски играчи.

Се вчитува...