Гери Невил: Тен Хаг беше целосно искрен за Роналдо

Една легенда на Манчестер Јунајтед е лута што Кристијано Роналдо не играше за Јунајтед во вчерашното дерби, додека друга вели дека тренерот е искрен. Рој Кин смета дека требаше да му се даде шанса на Португалецот, а Гери Невил истакна дека колку и да не и се допаѓа на јавноста, му е драго што Тен Хаг е барен искрен.

Тен Хаг после натпреварот кажа дека не го ставил Роналдо од почит кон него.

„Гледам Тен Хаг вели дека доколку го ставел во игра Роналдо, би било навреда за него. Веројатно менаџерот тоа не го кажа на најдобар начин и можеби ќе беше добро воопшто да не го кажеше тоа. Но, ми се допаѓа што е искрен“, изјави поранешниот играч на Јунајтед. 

Навивачите на Јунајтед на полувремето разочарани го напуштија „Етихад“ откако нивниот тим имаше негатива од 4-0. На крајот мечот заврши 6-3.

Се вчитува...