Модерниот Абебе Бикила трчаше бос на Скопскиот маратон

Модерниот Абебе Бикила, Сиди Диало настапи на Скопскиот маратон кој вчера се одржа на улиците на главниот град на Македонија. Легендарниот Абебе Бикила беше познат по тоа што во 60-тите години на минатиот век трчаше бос маратони, а на тој начин стигна и до две олимписки злата во Рим во 1960 година и четири години подоцна во Токио.

Нешто повеќе од 60 години подоцна Абебе Бикила има свој наследник. Се работи за францускиот маратонец, Сиди Диало. Сиди Диало на маратони настапува од 2008 година и има бос истрчано преку 365 маратони и 18 ултрамаратони во 96 различни земји на сите седум континенти.

Од вчера и Македонија се најде на листата на овој неверојатен спортист, кој Скопскиот маратон го заврши на 71. место со време од 4:13:49 часа.

 

 

ФОТО: Визер Скопски маратон 

Се вчитува...