Тренерот на Барселона, Чави изјави дека е многу задоволен од Роберт Левандовски и од она што го пружа на натпреварите и на тренинзите на „Каталонците“. Ова го изјави по натпреварот со Мајорка, кој Барса го доби благодарение токму на голот на Полјакот.
Тој зборуваше во суперлативи за својот напаѓач, кој има одличен старт на сезоната во Ла Лига, и заслужен што тимот после долго време е на првото место на табелата.
„Не би го менувал Роберт за никого во светот. Искуството е пресудно. Тој е зрел, а неговиот начин на игра им помага и на помладите во тимот. Освои се, а во Барселона стигна како скромен играч. Тоа што го прави е извонредно. Тој на пример работи за екипата, а помага и во стручниот штаб. Тој ја прави разликата и навистина е извонреден играч“, рече Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

