Легендарниот српски фудбалер, Дејан Станковиќ ја напушти клупата на Црвена Звезда откако испадна од Макаби Хаифа во баражот за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони.
Според медиумите од Италија, тој сега е пред враќање во Италија каде мина најголем дел од својата кариера играјќи за Лацио и Интер. Според последните шпекулации, Дејан е во преговори со челниците на Сампдорија.
Клубот од Џенова вчера го отпушти Марко Џампаоло по поразот од 0-3 на домашен терен од Монца по што остана на дното во Серија А со само два освоени бода.
Како потенцијални кандидати за клупата на Сампдорија се споменуваат и искусниот Клаудио Раниери и Роберто Даверска, па дури и Даниеле де Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА