Милан тргнува по Зијех, „росонерите“ сакаат трансфер уште во јануари

Милан со сите сили тргнува по трансфер на Хаким Зијех, „росонерите“ го посакуваат неговиот потпис уште во јануари.

Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.

После повредата на Салемактерс, приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на десната крилна позиција, а прва желба е токму Зијех.

„Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок на позајмица со право на откуп.

Се вчитува...