Рафа Бенитез се враќа во Премиер-лигата?

Рафаел Бенитез е многу блиску до враќање во Премиер-лигата откако Нотингем Форест покажа сериозен интерес да го доведе шпанскиот стратег на својата клупа. Управата на „шумарите“ беше најактивна во текот на летото, доведувајќи над 20 нови фудбалери во тимот, што тренерот Купер не успева да ги вклопи.

Логично е дека ќе биде потребно време за адаптација, но челниците на Нотингем немаат преголема доверба во човекот кој ги внесе во Премиер-лигата, туку сериозно размислуваат летово да му врачат отказ по серијата слаби игри на стартот од сезонава.

„Шумарите“ сакаат искусен стратег на кормилото, а Бенитез дефинитивно спаѓа во таа категорија на тренери. Шпанецот кој во 2005 година стана европски првак со Ливерпул потоа имаше ангажмани и во Челси и во Евертон, а неговото премиерлигашко искуство му е главен адут во преговорите за преземање на клупата на Нотингем.

Се вчитува...